(Грција) Тажната приказна за 26-те луѓе кои изгореа во заедничка прегратка

АКЦИЈА

Апокалиптичните пожари во Грција, кои убија 81 лице, ги принудија луѓето на бегство од своите домови. Некои успеаја да побегнат со автомобили, мотоцикли или пак пешки, буквално скокајќи во море пред огнот, кој благодарение на силните ветрови, се ширеше со неверојатна брзина и голташе се пред себе.

Многумина, за жал, не успеаја да побегнат. Како што веќе е познато, 26 мажи, жени и деца живи изгореа во преградието Мати, на само триесетина метри оддалеченост од морето. Нивните тела беа пронајдени заедно, во последна прегратка.

„New York Times“ објави досега непознати детали за оваа невидена трагедија, во идиличното медитеранско летувалиште. Групата на луѓе, која се состоеше од неколку семејства заедно, очајнички се обидуваа да пронајдат излез, кој ќе ги одведеше до плажата, односно до морето каде би можеле да се спасат.

Иако заградениот излез беше оддалечен само десетина метри од местото каде се најдени нивните тела, очигледно е дека несреќните луѓе, во просторијата полна со дим, не успеаја да дојдат до него.

На изгореното поле пронајдени очила, мобилни телефони сандали и други предмети

По несреќата, кога репортерот на „New York Times“ пристигна во Мати, на изгореното поле, на кое овие луѓе паднаа и го дочекаа својот крај, тој пронајде само очила и мобилни телефони, голема кожна сандала и некои други предмети.

Остар мирис, дим и потполно изгорено ѓубре се работите кои сега го карактеризираат ова летувалиште. Улиците се црни од пожарите, а пајак-возилата ги изнесуваат изгорените остатоци од автомобилите.

Едно лице, движејќи се покрај мртвите тела, за новинарот рече дека пронашол телефон со 48 пропуштени повици.

Други пак велат дека пред несреќата почувствувале миризба на дим, а два часа подоцна огнот почнал да беснее во оваа област.

„Тогаш веќе беше прекасно за бегство. Единствениот пат кој води од ова место беше преполн со автомобили, кои наскоро изгореа во пожарот“, вели Антонис Цигонис, кој имаше апартмани во Мати.

„Единствената улица беше претворена во море“

„Единствената улица беше море“, вели Цигонис, покажувајќи на веќе споменатиот заграден премин кон брегот, преку кој стотици луѓе во последен момент успеаја да побегнат. Тој, за среќа, е помеѓу луѓето кои успеаја да побегнат.

Некои не само што влегле во морето, туку и отпливале до брегот, каде беа извлечени од рибари и крајбрежната стража. Крајбрежната стража, рибарите и други сопственици на бродови помогнаа во евакуација на околу 800 луѓе од плажата Мати. Но, најмалку шест луѓе се удавија во морето.

Некои куќи потполно изгореа, други останаа недопрени

Ветерот кој постојано го менуваше правецот, остави некои куќи речиси недопрени, додека други изгореа до темел.

Во веројатно најужасните пожари во поновата историја на Грција, покрај над 80 загинати, хоспитализирани се 187 лица, од кои 20 деца. Десет луѓе се наоѓаат во критична состојба, соопштија властите синоќа.

Илјадници туристи и локални жители се евакуирани од оваа населба 30 километри источно од Атина. Спасувачите сега ги пребаруваат изгорените автомобили и куќи, а некои стравуваат дека вкупниот биланс на жртви ќе достигне и троцифрена бројка.

loading...