Фондот ја предложил да ги пишува проектите за иновации, па ѝ дал грант

АКЦИЈА
loading...

Фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ , чијшто сопственик, Весна Кузмановска, била предложена преку проект на УСАИД да им ги пишува предлог-проектите на фирмите до Фондот за иновации, добила грант откако претходно аплицирала на јавниот повик. Листата со олеснувачи е достапна на веб-страницата на Фондот за иновации.

„Макфакс“ ја консултираше Весна Кузмановиќ. Таа потврди дека заедно со уште десетици нејзини колеги била дел од листата олеснувачи за пишување проекти за учество на јавниот повик на Фондот. Ангажирањето консултант или финансиски фасилитатор не е задолжително и е бесплатно, па оттука Кузмановиќ не гледа дека постои какво било фаворизирање на нејзината фирма за добивање на грантот.

Таа не побарала да биде изземена од листата консултанти за проектите, а за „Макфакс“ потврди дека ја контактирале само 3 фирми неколку дена пред да истече рокот за аплицирање и, како што вели, ги одбила бидејќи сите компании што конкурирале претходно имале ангажирани консултанти.

„Каков конфликт на интерес има кога во Фондот не ни знаат кој ја пишувал апликацијата?! Вие новинарите го правите тоа. Да ги обесхрабрите најквалитетните луѓе во Македонија да аплицираат и да си одат од државата. Знаете ли тие пари шти ги дава Фондот по компанија колку можат да издржат во иновациски проект? Една година. Тоа е ништо. Само ги терате квалитетните луѓе да аплицираат по странски фондови, како што направи мојата компанија“, вели Кузмановска.

„Кога ќе ги добијам парите од Светскиот иновациски форум, ќе се иселам од државата само затоа што имаме луѓе што не може да препознаат добра идеја, од пуста злоба. Единственото нешто направено во државата е овој повик“, додава Кузмановска.

Таа тврди дека 20 години е претприемач: „Можете да го проверите целото мое сиви и моето работење во државата. Немам добиено ниеден тендер, ниту имам добиено каков било проект или помош. Единствена жена во Македонија која успеала да продаде компанија на странци сум јас. Без никаква помош од државата. Вие барате влакно во јајцето само за да го омаловажите успехот“.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, им порача на компаниите во рок од 15 дена да достават изјава ако во нивната сопственичка структура има јавни функционери или членови на семејството на лица кои се дел од власта. Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Фондот за иновации за да прибере документација во предистражната постапка за предметот.

loading...