Атика (Грција), ден потоа (Снимка од дрон)

АКЦИЈА
loading...

Снимка од дрон го прикажува обемот на штетата предизвикана од смртоносните шумски пожари што ги зафатија грчките градови Мати и Пентели.

Шумските пожари во понеделникот се раширија со рапидно темпо, при што загинаа најмалку 82 лица и беа повредени 187 лица во најлошиот пожар што земјата го доживеала последниве децении. Причината за пожарот допрва треба да се утврди.

Снимките го покажуваат согорениот пејзаж како силен контраст на синото море, каде што преживеаните и жртвите барале засолниште од огнот. На патиштата покриени со пепел се гледаат редици изгорени автомобили.

Пожарникарите и волонтерите ја пребаруваат областа во потрага по луѓе што се= уште се водат како исчезнати. Многу од пронајдените тела се комплетно изгорени, што ќе ја отежни идентификацијата.

Обоените места на сателитските снимки направени по пожарот ја нагласуваат огромната спржена област.

МКД.МК

loading...