Заев застана во одбрана на поделбата на грантови од 10 милиони евра на партиските функционери

АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема да бара оставка од функционерите кои конкурираа за пари од Фондот за иновации вреден 10 милиони евра, но и за оние функционери чии фирми аплицираа за добивање државна помош.

-Нема да побарам сигурно оставки затоа што се повлекоа. Прво, не го кршат законот, зошто да побараме оставки? Ако така бараме оставки, потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта, рече Заев на прашање дали ќе побара морална и политичка одговорност од функционерите.

Тој додава дека него му требаат овие функционери и работи со нив и затоа нема зошто да се повлечат.

-Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети и ми е драго што вака реагираат да се повлечат од такви апликации за да остават фер шанса при одлучувањето на сите други компании во Македонија, вели Заев.

Инаку во јавноста се крена бура од реакции претходните неколку денови откако функционери блиски до власта и СДСМ добија огромна сум на пари од Фондот за иновации и технолошки развој.

Снаа на советничката на Заев добила 330 илјади евра од владата

Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез.

Сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничка за култура во кабинетот на премиерот Заев добила од Владата 330,000 евра за проект за информатичка технологија со наслов „Декодирај – Ме“.

Доделувањето на оваа фантастична сума пари од владиниот Фонд за иновации е уште еден скандал во кој очигледно има судир на интереси затоа што советничката на Заев е дел од владата која што ги доделува парите.

На прославата по повод поканата за покана во НАТО синот на Ласкова, ди џејот Горан Кан настапи на еден од концертите пред само не повеќе од стотина луѓе, а владата се уште не открива колку пари добил за својот настап пред претежно пензионери и средовечни граѓани.

За концертите владата официјално призна дека потроши 180 илјади евра.

Фирма на пратеник на СДСМ доби 162.000 евра од државата

Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.

Фирма на Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет за Алфа велат дека немало ништо спорно во ова.

-Вицепремиерот на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие, се наведува во одговорот од Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот не гледа конфликт на интерес, минатата недела дури и ги промовираше грантовите на кои и самиот е корисник преку уделот во „Каст инвест“, пишува Алфа.

Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, како и неговиот кум Митко Кржовски и бизнисменот Владо Атанасовски.

296.000 евра државна донација за фирмата која ја води претседателот на СДСМ Кавадарци

Уште еден скандал во Фондот за инвации. Компанијата Кодинг – Горска ДООЕЛ добила 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“, објави порталот Лидер.

Директор на производство (практично втор човек), во оваа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Иновативноста која ја покажува компанијата на Тодоров, е во тоа што измислиле нова амбалажа, етикета и водата ќе им била со вкус на алое вера и ацерола.

loading...