Во НАТО најрано во 2020 година

АКЦИЈА
loading...

Директорот за европски и глобални партнерства на НАТО, Џејмс МекКи кој престојува во Скопје го поздрави почетокот на преговорите со НАТО, нарекувајќи го „историски момент“ за Македонија.

Тука сме да работиме на имплементацијата на одлуката што беше донесена на Самитот во Брисел, рече МекКи најавувајќи интензивен период контакти со сите фактори вклучени во процесот на спроведување на подготовките за членство.

„Секако дека кога ќе се исполнат самите внатрешни процедури и откако одлуката ќе биде одобрена во националните парламенти на 29-те земји членки на НАТО, вашата држава ќе може да стане 30-тата земја членка на Алијансата. Согласно нашите минати искуства очекуваме целиот процес да трае осумнаесет месеци“, изјави МекКи.

Почнувајќи од денес, претставникот на НАТО најави низа разговори со различни министерства кои се однесуваат на потребните чекори за да станете 30-тата членка на НАТО. Тоа, објасни МекКи, опфаќа и дефинирање на политички, финансиски, и безбедносни аспекти, но и правни договори кои ќе треба да се потпишат.

„Ќе зборуваме и за низата реформи коишто веќе се случуваат во државата и оние реформи на кои ќе треба да работи Владата како дел од процесот за пристапување кон НАТО“, рече МекКи.

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски изрази задоволство од брзата реакција на Алијансата да испрати делегација за отпочнување на пристапните преговори и да ја потврди политиката на отворени врати.

„Значи своите обврски тие имаат намера да ги исполнат, а ние треба да ги исполниме нашите обврски. МекКи ја предводи делегацијата која денеска со релевантни претставници на компетентните институции ќе разговара за различни прашања поврзани со пристапниот процес. Се разбира дека нема да разговара за политичкото прашање, договорот од Преспа кое е наша домашна задача, но ќе се разговара за се друго од воено-техничките прашања, па се до правно-финансиските импликации од нашето зачленување во НАТО,“ изјави Пендаровски.

Нашата цел е да покажеме дека и ние ги вреднуваме нашите заложби и сме подготвени да испорачаме резултати и да докажеме дека Македонија е подготвена за членство во НАТО, истакна Пендаровски.

„Главната политичка задача на нашата влада и нашата држава, а тоа е договорот со Грција останува да биде нашиот предусплов за полноправно челенство. Сега имамае покана за пристапни преговори, ги почнуваме денеска и очекуваме да ги завршиме некаде до Нова Година. За тоа се подготвуваме со години, децении и не залудно тврдиме дека Македонија е најподготвениот кандидат во истпријата на Алијансата,“ изјави Пендарoвски.

Македонија ја доби поканата за членство на неодамнешниот самит во Брисел, каде што генералниот секретар Јенс Столтенберг неколкупати повтори дека блокадата е отстранета со потпишувањето на договорот за името со Грција но дека ќе влеземе кога сите национални процедури ќе бидат завршени и кога сите НАТО членки ќе ги ратификуваат вашето пристапување.

Извор

loading...