Скопје по земјотресот – како се градеше?

АКЦИЈА
loading...

Градот Скоп­је денеска ја одбележа 55-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот.

За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.

Како се градеше Скопје?

Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија.

Третиот период во развојот на модерната архитектура во Македонија, всушност за­почнува по земјотресот од 1963 година, во кој се уништени преку 85% од стан­­бениот фонд и преку 80% од културно-историските објекти во Скоп­је. Об­новата на градот е овозможена со материјална помош од тогаш­ни­те ју­го­сло­венски републики и од странство, со што Скопје станува град на ме­ѓу­на­род­ната солидарност. Во 1965 година е прифатен новиот Генерален урба­нис­тич­ки план, изработен од домашни архитекти во соработка со Полсервис од Пол­ска, а под раководство на Адолф Циборовски. Планот содржи: три глав­ни станбени зони, ин­дус­триски и деловни зони, како и зона за масовна ак­тив­­на рекреација. Посебно внимание му е посветено на сообраќајното ре­ше­ние со издвојување на транзитниот сообраќај. Централното градско подрачје на Скопје ја до­би­ва својата физионо­ми­ја по меѓу­на­родниот конкурс за негово урбанистичко решение. На конкурсот земаат учество четири југо­словенски и четири странски тимови, посочува професорот Токарев, додавајќи дека странските тимови имале задача да одговорат на неколку барања во конкурсот: Да се добие достоинствен центар на главниот град, кој би одговорил на тра­ди­цио­налните карактеристики на градските центри во Македонија, при што истовремено да биде современ и пригоден за градски живот. Влезот во центарот од страната на новата железничка станица да се предвиди низ спе­ци­фич­на порта, оформена со повеќекатни адми­нистративни објекти. Сооб­ра­ќа­јот да биде комбиниран (моторен и пешачки) на различни нивоа. Со реше­ние­то треба да се создаде релативно изолиран (мирен) центар, но со добри врски со другите делови на градот. При сето тоа, треба да се зачува Старата чар­ши­ја, а тврдината Кале да учествува во урбаната композиција. Како ком­по­зи­цис­ка оска на ова комплексно решение, се јавува коритото на реката Вардар.

За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар.

Во тој период Скопје почнува забрзано да се обновува и да се гради. Покрај општествени, во обновата на Скопје се подигнати и мно­гу го­лем број станбени објекти со кои се оформува центарот и новите квар­то­ви во градот, кој зафаќа сè поголема по­вр­шина. Според хронолшките податоци, масовната изградба на поголеми станбени објекти започнува најпрвин во центарот на Скопје и тоа во состав на т.н. Градски ѕид, кој е идејно де­фи­ни­ран со конкурсниот проект на Кензо Танге. Но, при разработката на проектот со т.н. деветтата варијанта се отстапува од конкурсната идеја за Градски ѕид оформен со повеќекатни терасести блокови, кои се заменети со станбени кули и ламелни станбени блокови. Домашни и странските архитекти учествувале со масовната обнова и градба на новото Скопје.

Македонската архитектура во втората половина на 90-тите години доживува  мала архитектонска експлозија.  Се проектираат и започнуваат да се градат голем број разновидни објекти, а пре­ку проектите одново заживува истра­жу­ва­ње­то на нови можности во архи­тек­турата, кои според својот архитектонски израз се движат од неоре­гио­на­лизам до реинтерпретација на пионерските движења на модерната.

Но подоцна но­ви­те об­јекти ги пре­натру­пу­ваат старите градски квартови, чија инфра­струк­­ту­ра има ограничени можности. На таков начин, настанува еден нов вид ур­бан хаос, посочува професрот Токарев, што често предизвикува граѓанско незадоволство и немири. Како нај­не­гативен пример од таа област во последната деценија на ХХ век се наведува Дебар Маало.

Извор: СкопјеИнфо

loading...