Премиерот Заев: Ако нема цензус на референдумот, за измените на Уставот ќе решава Собранието

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев очекува Собранието до 30-ти јули да го распише референдумот. Вели – опозицијата не треба да се плаши од волјата на граѓаните. Порача дека резултатот на референдумот ќе ги диктира натамошните одлуки.

Во случај да не се постигне цензус на референдумот, тогаш според Заев, финализирањето на договорот со Грција ќе се префрли во Собранието кое конечно ќе решава за уставните измени. Премиерот, го обелодени референдумското прашање за кое се залагала опозицијата.

Премиерот вели дека остава на совеста на Христијан Мицковски да свика лидерска средба за да се постигне договор за референдумот. Зборувајќи за амнестијата, Заев појасни дека со измените во кривичниот законик опозицијата барала индиректна амнестија.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска демантираат дека барале амнестија, без да прецизираат дали нивниот лидер ќе бара лидерска средба.

На последната лидерска средба власта и опозицијата се договорија за избор за членовите на ДИК, а за референдумот излегоа со дијаметрално спротивставени мислења.

loading...