Заев продолжува со отплаќање на долговите кон арачиновското подземје?

АКЦИЈА
loading...

Браќата Наим и Рамиз Асани од Арачиново, осудени на доживотната казна затвор за трикаратното убиство во интернет кафуле во Чаир од затворот „Идризово“ се префрлени во Истражниот затвор „Скопје“. Причина за трансферот е ново судење за случајот.

Информацијата за Нетпрес ја потврди директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски.

Можам да потврдам дека двајцата осуденици се префрлени во истражниот затвор „Скопје“ по наредба на Кривичен суд Скопје поради започнување на нова судска постапка за случајот во кој Наим и Рамиз Асани беа осудени на доживотен затвор, изјави Мојсоски.

Браќата Асани уште во 2008 година беа осудени на максимална казна затвор за едно од најбруталните повеќекратни убиства. Двајцата беа осудени за масакрирањето на три момчиња во интернет кафето 21 во близина на ТЦ „Чаирчанка“. Тие се товареа дека пролетта во 2006 година со автомобил марка „БМВ“ застанале пред интернет кафето, каде што имало повеќе малолетници, излегле од возилото и отвориле оган од автоматски пушки. Во нападот на интернет кафето беа убиени Ибиши Раметула (20) и браќата Енѓин (13) и Енис (17) Исмаили. Во престрелката беа ранети уште шест лица на возраст од 20 до 34 години – Х.М. (23), Б.Б (24), Р.Ш. (25), А.Н. (34), Г.К.(20) и С.Р (21).

Престрелката се случила околу 23 часот и 45 минути во интернет кафе „21“ на улицата „Стојна Стефкова“, кога од засега непознати лица од возило, со автоматско оружје отвориле оган кон објектот во време кога внатре имало повеќе лица.

Полицијата тогаш соопшти дека до крвавата престрелка дошло поради нерасчистени односи помеѓу две криминални групи, а мотивот бил крвна одмазда за убиството на Агим Асани (26) од Арачиново. Тој беше убиен во јануари 2006 година на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“, откако го изрешетаа четири вооружени лица, за кои полицијата тогаш соопшти дека и’ се познати. И тогаш причината за убиството беа нерасчистени сметки помеѓу криминалните групи. Браќата Асани беа поврзувани и со убиството на полицајците Ерол Готак, Аце Ангеловски и Кире Петрушевски, злосторство сторено на 11 јануари 2000 година на влезот во селото Арачиново. Заедно со нив, беа обвинети и Лирим Динарица, Муча Бајрами, Башким Асани и Емрула Емрулај, сите од Арачиново, но по долгогодишен процес судот ги ослободи.

СДСМ по доаѓањето на власт, како едно од првите ветувања кои ги реализираше беше амнестија за 850 криминалци кои беа осудени на казна затвор.

Нетпрес

loading...