Трифун Костовски до Анѓушев: Бизнис-интересите и политиката не одат заедно

АКЦИЈА
loading...

 

Каде треба да се постави границата меѓу политичарот бизнисмен, дали позицијата на моќ дава привилегија да се знае кога, што и како ќе се огласува, дали милионите евра задолжително завршуваат кај подобните, но од друга страна, дали политичарот газда треба да им забрани на своите фирми да учествуваат на тендери кога тоа им е во дејноста на работење? Дали бизнисмените треба да се откажат од своите фирми пред да влезат во политиката, особено на високи позиции?

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, многу добро знае како е да се биде бизнисмен опкружен со државни пари. Татко на градот стана кога бизнисот му „цветаше“, па многумина се прашуваа зошто воопшто му треба да влегува во политиката и да си создава непријатели. Вели дека единствено совеста на самата личност што влегува во политиката и предизвикува конфликт на интереси може да крене рачна кочница.

„Јас бев на извршна функција, а моите фирми како независни правни лица учествуваа во конкурси за технологија, софтвери и слично. Но ми беше укажано дека станува збор за конфликт на интереси, па компаниите се повлекоа. И не само тоа, на јавните претпријатија им помагавме на сметка на моите фирми“, ни изјави Костовски.

Тој потенцира дека нема ништо против вицепремиерот Анѓушев, но оти нелогично е да води сектор што и тоа како има врска со неговата бранша.

„Македонија е премала за да може да се мешаат бизнис-интересите, а тоа да не биде забележано. Оставете го тоа фиктивно продавање на фирмите при стапување на функција. Сакаме да живееме фиктивно или во реалноста? Пак ќе кажам, сè е во совеста, дали е подложен на интереси, дали има лукративни интереси, дали планира позицијата на моќ да ја искористи или злоупотреби за свои цели… Како градоначалник не земав плата, не користев возило од градот, сам си ги плаќав авионските билети и хотелските сместувања, дури и целиот инвентар во кабинетот го набавив од Виена на сопствен трошок. Потекнувам од бизнис-заедницата, стапувањето на градоначалничката функција беше предизвик за мене, да видам дали може да се справам со работите што се битни за општеството. Јавноста секако ме доживува – и позитивно и негативно, но јас сум чист пред себе. Направив сè што можев согласно времето, финансирањето, политичките игри и притисоци што ги трпев во тоа време“, зборува Костовски за „Независен весник“.

Целиот текст, вклучително и анализи од други експерти, прочитајте го на Независен.мк.

loading...