Конечно некој го кажа јасно и гласно тоа што Заев, се чини, не може да го сфати

АКЦИЈА
loading...

НЕСВЕСНОТО РАЗОТКРИВА

Во обраќањето на Зоран Заев до Христијан Мицкоски да ги повика сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на сѐ уште непостоечкиот референдум (бидејќи допрва треба да се реши дали и кога ќе биде) може да се насети на кој начин ги доживува (макар и несвесно) граѓаните – што значи, гласачите.

Тие, по сѐ изгледа, за него не се ништо друго освен аморфна, недефинирана и послушна толпа, која треба беспоговорно да реагира на секој повик на било кој партиски лидер. Кога не би било така, кога навистина би ги сметал за автономни, слободни суштества, кои по автоматизам не ги следат апелите на лидерите, тогаш која би била смислата на неговото обраќање до Мицкоски?

Несвесното најчесто проговорува несвесно. И, на тој начин, разоткрива.

loading...