Грчкото МНР се заблагодари за помошта и поддршката од ПЈРМ

АКЦИЈА
loading...

Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.

– Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари во Атика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР им се заблагодаруваат и на Кипар, Израел, Шпанија и Европската комисија за понудената помош, но и на „сите пријатели и партнери кои изразија сочувство и солидарност со драмата на грчкиот народ“.

– Оваа брза понуда за помош покажува во пракса дека духот на вистинската соработка и солидарност, како и природните катастрофи не познаваат граници и надминуваат каков било спор, невдуваат од грчкото МНР.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети изминативе десет години.

„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Спремни се два авиона за гаснење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за „Макфакс“.

Тој додава дека авионите за гаснење пожар се најбрз механизам. „Пожарникари нема да се испраќаат бидејќи станува збор за далечна дестинација. Доколку има потреба, ние ќе испратиме и теренски возила со пожарникари“, додава Џаферовски.

loading...