Грчкиот митрополит Амвросиос: „Шумските пожари се Божја казна поради премиерот атеист”

АКЦИЈА

Превземено од Плусинфо

Сите знаеме дека да се биде злобен е најдолно нешто. И тоа се потврдува уште еднаш на денот кога Грција жали за најмалку 50 лица (во меѓувреме бројката се искачи на 74 н.з.), меѓу кои има многу деца, десетици повредени и исчезнати. Тоа се луѓе кои ги загубија своите животи во грчката трагедија наречена „Атински пожари“. Овој пат, потврдата дека може да бидеш толку многу злобен доаѓа од устата на еден човек кој тврди дека е еден од Светите луѓе на Грчката православна црква, доаѓа од никој друг туку од Митрополитот Амвросиос, пишува во коментарот на „Keep Talking Greece“.

Светиот човек со бескрајна омраза во неговата душа не се срами да тврди дека пожарите биле Божји гнев поради премиерот атеист.

– Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го навлече Божјиот гнев – напиша Амвросиос со големи букви денес попладне на својот блог и додаде: „Грција е уништена од дожд и оган!“

Опишувајќи го Ципрас како „лицемер“ поради тоа што ја прекина неговата посета на Босна за да се врати во Атина во понеделникот вечерта, Амвросиос пишува „атеистите на СИРИЗА се причините за општата катастрофа! Нивниот атеизам го навлече Божјиот гнев!“

Исклучителни природни настани ја погодија нашата земја и ги уништуваат имотите и луѓето! Во 80-те години од мојот живот не се сеќавам на ваква невидена општа катастрофа во нашата земја!, пишува авторот на текстот на порталот „Keep Talking Greece“.

Цитирајќи го Светиот Дух , како што е наведен во Новиот завет, Амвросиос ги наведува неговите заклучоци дека поради оддалечување од Бога се случуваат разни природни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемии и болести, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.

– Кој, се прашувам, е одговорен за оддалечување на модерниот Грк од Божјиот пат? Кој? Атеистичкиот премиер, г-дин Алексиос Ципрас и неговите соработници: еве ги нивните достигнувања“, пишува Амвросиос и објавува долга листа на достигнувања на „атеизмот“.

Тој започнува од фактот дека Ципрас ниту „ги крстил своите деца“ ниту „се оженил со својата девојка“.

Потоа Митрополитот го обвинува премиерот и соработниците за укинување на верската заклетва при избор на Кабинетот (што не е точно!), отстранување на крстови и икони од училиштата и јавните институции, за укинување на утринските молитви во училиштата, легализирање на граѓанско партнерство за двојки од ист пол и дозволување на паради на гордоста, ширење на нудизмам и неморал, како и криминалот на анархистите на Рувиконас.

Листата е долга, но кој сака да ја чита во ваков ден? Особено кога списокот е напишан од човек кој никогаш не слушнал за климатските промени и кој сака да ја префрли човечката одговорност и небрежност во рацете на невидливата и недокажана супериорна моќ како што е Бог.

Човек кој всушност ја заборави катастрофата од пожарите во Илија во 2007, каде што 84 лица ги загубија своите животи.

Но, во 2007 на власт беше конзервативната и религиозна Нова демократија, па затоа „светиот човек“ не ја вклучи во неговата позната Листа на злото.

Во најмала рака, би можел да молчи во однос на жртвите и нивните ужалени семејства. Но не. Не тој.

П.С. Нејасно се сеќавам дека еден епископ го тврдеше истото кога 25 луѓе ги загубија животите во поплавите во Мандра во ноември 2017. Не сум 99 отсто сигурно дека беше Амвросиос – но јас не би бил изненаден ако беше тој. Не е време да проверувам во моите архиви токму сега, се вели во коментарот на „Keep Talking Greece“.

loading...