Во страв од референдумот, почнаа да плукаат и по демократијата

АКЦИЈА
loading...

Додека се рушеше режим, се крстеа и колнеа во демократија. Сега во очи на референдумот, исплашени поради тоа што повеќе од јасно е дека мнозинството е против промената на името, почнаа истата да ја критикуваат, поточно да изнесуваат „квалитативни причини“ зошто народот е неспособен да го одлучи најдоброто за себе.

Во ред е да се размислува на темата, ама не е во ред слабостите на демократијата да се користат за да се поткопа валидноста на гласот (или уште полошо правото на изјаснување) на народот на претстојниот (?) референдум по едно вака суштински важно прашање (името, идентитетот), згора на тоа уште и со порака до политичките лидери (власта) да „преземеле одговорност“ и да го одлучеле најдоброто за државата и Македонците, а со игнорирање на гласот на народот и со заобиколување на неговото право да гласа па и да го бојкотира референдумот (и бојкотот е легитимно право, и бојкотот е политички став).

Притоа, истиот овој автор заборава дека легитимитетот што според него го имаат политичките лидери за да одлучат по свое, им е даден токму од истиот тој неспособен народ, и тоа благодарение на истиот тој принцип на владеење кој одеднаш пред референдумот го критикуваат како проблематичен – демократијата и основниот демократски чин – изјаснување на народот. Со други зборови, ако не биде уважена одлуката на народот на референдумот (вклучително и бојкотот), тогаш не треба да биде уважена ни актуелната влада која таа одлука не би ја уважила.

Дел од колумната:

„Втората група причини, значи оние што јас ги нарекувам квалитативни, е длабоко поврзана со статистичките, односно математичките. Математичка закономерност е дека во мнозинството секогаш има повеќе неписмени, необразовани, неинформирани, злобни, инаетчии, одмаздољубиви, завидни, непресметливи… со еден збор, некомпетентни да решаваат за судбинските прашања за иднината на земјата.

На крајот на краиштата, работата на избраните политичари е да имаат визија за земјата и да ја менаџираат таа визија, а не да бараат алиби во флоскулата „народот е секогаш во право, па и кога греши“. На крајот на краиштата, затоа ги плаќаме, сосе патните трошоци“.

 

loading...