Третиот и побегна на правдата…

АКЦИЈА
loading...

Добро упатени полициски извори брифираат дека третиот напаѓач на Никола Саздовски најверојатно е во странство.

Истрагата знае како тој се префрлил преку граница и каде била првата дестинација при бегатвото но не се открива точната локација каде што избегал еден од убијците на младиот “комита”.

Во текот на истрагата соодветни институции комуницирале со неговото семејство при што било разговарано тој да се предаде на полицијата а имало и комуникација со соседни полициски служби од кои е барано асистенција за наоѓање на третиот напаѓач.

Изворите во МВР ги отфрлаат сите шпекулации дека намерно се забошотува истрагата затоа што третиот осомничен е наводно близок роднина на влијателен политичар и навестуваат дека веднаш по лоцирањето и соодветните оперативни чекори тој ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Експрес.мк

loading...