Скандалите продолжуваат: Снаа на советничка на Заев добила 20 милиони денари за иновации од владата

АКЦИЈА
loading...

Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез.

Сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничка за култура во кабинетот на премиерот Заев добила од Владата 330,000 евра за проект за информатичка технологија со наслов „Декодирај – Ме“.

Доделувањето на оваа фантастична сума пари од владиниот Фонд за иновации е уште еден скандал во кој очигледно има судир на интереси затоа што советничката на Заев е дел од владата која што ги доделува парите.

Премиерот завчера најави дека ќе бидат преиспитани сите сомнителни процеси но се уште нема конкретен чекор во тој правец.

На прославата по повод поканата за покана во НАТО синот на Ласкова, ди џејот Горан Кан настапи на еден од концертите пред само не повеќе од стотина луѓе а владата сеуште не открива колку пари добил за својот настап пред претежно пензионери и средовечни граѓани.

За концертите владата официјално призна дека потроши 180 илјади евра.

Патем, што мислите, колку е стара фирмата на снаата на Ласкова? 43 дена, е толку. Прочитајте на Експрес.мк.

loading...