Мицкоски: Заев е човек во паника и затоа лаже и измислува

АКЦИЈА
loading...

,,Видовте човек кој е во паника и кој лаже и измислува, но ќе се обидам да бидам гласот на разумот, рече Христијан Мицкоски по пропаѓањето на лидерската средба.

Зборувавме за деталите околу референдумот и евентуалното референдумско прашање. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните. Парламентарното мнозинство е тоа што треба да ги дефинира овие работи, но нашата позиција е јасна, референдумското прашање мора да биде еднозначно, а не да биде поврзано со повеќе прашања. Тука имаме голема разлика со парламентарното мнозинство.

Како опозиција бараме да се почитуваат сите прописи, закони и Уставот.

Ние не можеме да се согласиме со повеќезначно прашање. Тоа мора да биде еднозначно и да се однесува единствено на Договорот со Грција“-рече опозицискиот лидер Мицкоски.

Ние мора да имаме прашање преку кое ќе биде јасно изразена волјата на граѓаните, рече Мицкоски и меѓу редови кажа дека нема да повикаат на бојкот.

,,Прашања што не заслужуваат одговор се крилатици од еден поразен минат владејачки систем“-рече Мицкоски, оставајќи простор за натамошни разговори и евентуален договор.

АКО.мк

loading...