Каракамишева: Денес покажавме на дело како се бранат Уставот и законите, Македонија и националните интереси!

АКЦИЈА
loading...

Денес, како и на сите до сега одржани лидерски средби, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski покажавме на дело како достоинствено и со правни аргументи се бранат Уставот и законите на земјата, како се брани Македонија и националните интереси!

На Македонија и се потребни вредности што нема да бледеат од сонцето на криминалната власт што е инсталирана во земјата за еднократна употреба!

Македонија нема да дозволи под плаштот на ЕУ и на НАТО да останат неказнети криминално организираните тендери и желбата да се пљачка државата на секаков можен начин! Транзиционите политичари ќе мора конечно да го напуштат кормилото на бродот што не носи во национална катастрофа! Тие немаат ниту легитимитет да зборуваат за европските вредности зад кои цело време се задскриваат!

На Македонија и треба нова и поинаква матрица на владеење!
Ние имаме знаење, умеење и квалитети да им ги покажеме тие вредности на граѓаните час поскоро!

Македонија заслужува многу повеќе од ова што го нуди власта, од економската бесперспективност, од националното омаловажување на јавна сцена и од непринципиелноста на политиката која Заев и СДС ја градат исклучиво согласно личниот влог и личните интереси што ги има Зоран Заев!

Македонија не смее да биде заложник на Зоран Заев, на Шеќеринска и на уште неколку луѓе и на нивните лични хипотеки во политиката!

Македонија ќе победи достоинствено и со гордо крената глава и во Македонија ќе има и ред и поредок!

Во Македонија ќе владеат европските вредности само без транзиционите политичари на политичката сцена!

🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

loading...