„Евростат“: Бугарија, Романија и Хрватска меѓу земјите со најголем ризик од сиромаштија во ЕУ

АКЦИЈА
loading...

Бугарија со повеќе од 50 отсто од населението, а Романија, Грција, Литванија, Латвија и Хрватска со 30 отсто се меѓу земјите со најголем ризик од сиромаштија во ЕУ, покажува годишниот извештај на „Евростат“.

Во однос на категоријата материјална депривација на граѓаните – оние кои не можат да си дозволат основни потреби за живот, повторно доминираат Бугарите, потоа следуваат Романија, Грција и Хрватска.

Хрватите се рекордери во ЕУ по бројот на деца на возраст од 34 години кои живеат со родителите, дури 58,7 отсто.
Грција и Хрватска се најлошите членки на ЕУ кога станува збор за грижа на децата меѓу три години и училишна возраст – помалку од три петтини од малите Хрвати и Грци одат во градинка или на слични активности кои ЕУ ги дефинира како „формална грижа за децата”.

Денешен.мк

loading...