ВЛАДАТА ОБЈАВИ НОВ ТЕНДЕР ВРЕДЕН 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА

АКЦИЈА
loading...

За сума од приближно 2,6 милиони евра без ДДВ, Службата за општи и заеднички работи при Владата објави тендер за физичко обезбедување на објектите на државната управа. Периодот за кој се однесува набаваката е 3 години, а критериум за добивање на тендерот е најниската цена.

Во техничката документација пишува дека тендерот опфаќа внатрешно и надворешно обезбедување, контрола и евиденција на странки и вработени при влегување/излегување, контрола на безбедноста на деловниот простор од опасности од пожар…
Економскиот оператор треба да озбебеди услуги за физичко обезбедување 24/7. Објектите кои физички треба да се обезбедуваат се СОЗР на Владата, објектот на МРТВ, Клубот на органи на државната управа, Бирото за судски вештачења и Бирото за метрологија, како и подрачните единици во 32 градови во државата.

Минимум критериуми за утврдување економска и финансиска состојба на економскиот оператор се да има 180 милиони денари вкупни приходи за секоја година поединечно за последните три години, да поседува осигурителна полиса од минимум 6.000.000 денари, да има доказ – потврда за 350 валидни службени легитимации издадени од Комора за приватно обезбедување и од Агенција за вработување…

Најголем дел од тендерите за обезбедување имот на државни институции, изминатите 8 години ги добиваше „Секјурити Груп Сервисис“ (СГС), зад чие сопствеништво  се споменуваше Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК.

loading...