Цуцуловски: Убедувајќи не по секоја цена да ги љубиме ЕУ и НАТО, владата го постигна спротивниот ефект

АКЦИЈА
loading...

ЖЕЛБИ И РЕЗУЛТАТИ

Од пуста желба (се п р е т п о с т а в у в а дека била искрена) да се подобрат односите со некои соседни земји, како и да се зголеми довербата на народот кон нив, се постигна спротивното. Ретко кога недовербата на Македонците била толку голема кон бугарската и грчка држава (нагласувам, д р ж а в а!) како сега, и ретко кога народот имал толку големи резерви кон власта како што е сега, после потпишувањето на фамозните Договори со овие земји.

Во истовреме, невкусната кампања по секоја цена да бидат љубени ЕУ и НАТО, како и нивниот несмасен и навредувачкиот однос кон Македонците, го постигна спротивниот ефект. Повторно се потврди старато сознание дека едно се намерите, а друго резултатите. Би можело да се рече (со одредени исклучоци) дека историјата на човештвото е историја на неговите промашувања. Во 20-от век тоа може да се потврди почнувајќи од Октомвриската револуција, преку двете Светски војни, сè до Виетнам или укинувањето („укинувањето“) на ладната војна. Односно, кажано во духот на сентанцата: „Патот до пеколот е поплочен со добри намери.“

Затоа, не би било лошо народоусреќувачите барем малку да се свртат кон стварноста – што значи, самите да се приземјат – наместо да лебдат во сферите на желбите и сништата, бидејќи будењата, речиси по правило, се разочарувачки за оној кој се буди.

Од фејсбук постот на проф. Љубомир Цуцуловски

loading...