Тадиќ: И од мене бараа независноста на Косово да ја признаам како свршен чин и да ја обвинам претходната власт

АКЦИЈА
loading...

Поранешниот претседател на Србија објаснува како да обезбедите прием кај Ангела Меркел неколку пати годишно и истовремено оценува дека Александар Вучиќ покажува дека паталошките лаги и борбата против политичките противници му се над интересите на Србија.

Тој додал дека Вучиќ изнесува лаги за да ја оправда својата косовска политика која, според него, води кон предавство на српските интереси на Косово.

„И од мене лидерите на големите сили кои ја подрржуваат независноста на Косово, секогаш бараа да го признаам тоа како свршен чин и да ја обвинам претходната власт за таквиот исход. Тоа никогаш не го прифатив, не само зашто тоа ќе беше недржавнички чин, туку и затоа што целта ми беше да се борам за интересите на Србија, а не за меѓународен аплауз и за опстанок на власт по секоја цена“, рекол Тадиќ.

Поранешниот претседател на Србија додал и дека поради тоа го одбил барањето на германската канцеларка Ангела Меркел за укинување на сите институции на северниот дел од Косово кој го контролираат Србите, како што прифатил Вучиќ и сега се фали дека Меркел го прима и по неколку пати годишно.

„Секако дека не го прима поради неговата генијалност, острумност или миротворство. Го прима затоа што ги прифаќа сите нејзини барања, а Вучиќ со тоа уште и се фали, нарекувајќи ја својата сервилност „променета слика“ на Србија во светот“, навел Тадиќ.

Денешен.мк

loading...