СДСМ: Милијардите што ги украде ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вратени во буџетот

АКЦИЈА
loading...

Не постои поголем криминал во историјата на Македонија од 11-годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, која стана симбол на криминал и неспособност, велат од СДСМ, реагирајќи кон обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата на криминален начин сака да го додели милионскиот тендер за реагенси, како за грантовите за иновации што ги добија компании каде косопственици се високи државни функционери.

„Најбогатата партија во Европа со имот вреден 60 милиони денари секојдневно шири лажни вести и измислици, глумејќи загриженост за граѓаните, истите оние граѓани кои 11 години ги крадеше, осиромашуваше и задолжуваше додека врвот на партијата енормно се богатеше. ВМРО-ДПМНЕ очајно и залудно се обидува преку лаги да прикаже незаконско работење онаму кадешто го нема. Опозициската партија треба да знае дека единствените крадци се оние кои од државата извлекоа милијарди евра и ги внесоа во офшор компании на Белизе и други егзотични локации, но треба да знае и дека се она што било стекнато на нелегален начин ќе биде вратено назад во Буџетот од кадешто е и украдено“, соопштија од СДСМ.

Од таму повторуваат дека секогаш се залагаат за рамноправност, еднаквост и целосно почитување на правилата и законите и уште еднаш ги повикуваа институциите да се проверат сите постапки.

loading...