Миленко: Прво конфискација, па потоа политика! Инаку памет никогаш нема да им дојде

АКЦИЈА
loading...

Повеќе од 28 години Македонија тоне во сиромаштија, безидејност, немање на јасна перспектива, стабилна и сигурна правна рамка, поради што се повеќе млади ја напуштија земјата, а оние кои останаа се борат на секој можен начин да преживеат. Секако, меѓу останатите ги има и оние кои направија огромно богатство, но ретки се оние кои тоа го направиле на чесен и достинствен начин.

За ова, новинарот Миленко Неделковски има предлог, за кој смета дека доколку се воведе во Македонија конечно би завладеало правото и би се исполниле условите политичарите да престанат со, како што вели, лоповлукот врз сопствениот народ.

„Додека нема комплетна конфискација (национализација) на севкупниот имот и смртна казна – памет на политичари лопови и бизнисмени мешетари нема да дојде. Ниту па држава ќе се сторе.“ – вели Миленко Неделковски.

loading...