Каракамишева: Ееее професоре, професоре, до кое дереџе стигнавте!

АКЦИЈА

Ако овој “договор” како што велите е добар за Македонија и Македонците, тогаш не знам што може да биде лошо или уште полошо за нас!
Ако за вас е добро тоа што Грција директно ни се меша какви уставни измени да правиме, какви закони да носиме, какви институции да имаме, како фирмите, установите, организациите, институциите итн. да ги прекрстуваме, каква историја да учиме, каков идентитет да имаме, какви национални обележја да ставаме, каква култура да негуваме, какви односи да градиме со нашите сонародници во соседните земји и во светот, какви трговски марки да запишуваме, какви патенти да регистрираме, каков јазик да зборуваме, какви песни да пееме, какви знамиња да вееме, какви интелектуални дела да твориме, како да мислиме и да се изразуваме, какви народни песни да пееме, каква традиција да негуваме….ако за вас сето ова е добро, ако за вас ваквото мешетарење и наше директно уништување како НАРОД е сосема во ред, тогаш ве молам договорот нека важи САМО ЗА ВАС И ТИЕ КАКО ВАС ШТО ГО ПОДДРЖУВААТ! Врамете си го по дома и следете ги упатствата што Грците ви ги даваат! Дури и дишете по нивниот такт!

Само ве молам оставете не нас, не не тормозете и не не убедувајте во тоа дека планетата Земја е всушност Нептун само ние тоа уште не сме го откриле! Вашите “експертизи” чувајте си ги за вас и вашите истомисленици затоа што навистина се многу далеку од умот, не само далеку од правото!

loading...