ФОТО: И печатницата на СДСМ си добила милионче од Фондот за иновации

АКЦИЈА
loading...

Извор Вечер.мк

ПЕЧАТНИЦА СОФИЈА Богданци, за Контрола на квалитет и едукација во процесот на производство, во првиот бран доби од Фондот за иновации 1.058.541,30.

Освен што за иновација се прикажува процес на контрола на производство и едукација (?) во печатница (исто како Слободен печат), печатница Софија од Богданци е во сопственост на Драги Семенпеев, член на централниот одбор на СДСМ во 2013 година, како и на неговиот син Александар Семенпеев, кој сега е советник до редовите на СДСМ во општина Богданци.

Почнувајќи од 2008 година наваму, СДСМ сите рекламни материјали за избори ги печатеше токму во Печатница Софија Богданци.

Освен рекламните материјали, токму печатницата Софија Богданци ја добила јавната набавка да ги изработува материјалите за Државната изборна комисија во 2017 година.

Претходно, во 2011 година, има добиено јавни набавки во општина Струмица.

loading...