Пристигнавте во земјата од која сите сакаат да заминат… Добродојдовте!

АКЦИЈА
loading...

На еден од граничните премини на влез од нашата држава со сигруност треба да стои табла со натпис „Пристигнавте во земјата од која сите сакаат да заминат…“ и уште една табла „ако свети светло, а нема луѓе пристиснтете го копчето и изгесете го светлото“.

Не ова не е дел од секој филм базиран на животна приказна, туку реалноста која наокоро ќе ни се случи во Македонија. Со кого да направиш муабет во последните 5-6 месеци, од сите ја добиваш истата реплика: Веќе не ми се седи во оваа држава, ќе гледам некаде да заминам.

Паралелно со ова секојдневно читаме и гледаме како државата ја напуштаат доктори, информатичари, инжинери, па дури и возачи на автобусот. Продуцираме високообразовани кадри без план и стратегија, а домашните компании се повеќе се соочуваат со проблемот да најдат квалитетен кадар: сите се магистри, работници нема..а, тешкото тек сега доаѓа. Во наредните десет години Македонија ќе се соочи со сериозен проблем на стареење на работната сила и истовремено голем недостаток од работници, а наплив на менаџери и правници.

Живееме во земја во која не постојат правила, законите во изминатите десетина година се кршам и менуваат како истите да се правени по желба на некоја индивидуа, уставот никој не го почитува, во сообраќајот сите се главни, образованието ни крш, економијата секојдневно пропаѓа.

Функционираме во општество кое ерозирано во најголемиот дел од сферите. Во „лечиме“ во здравство во некое нема лак, а има само смрт. Одвојуваме големи средства за здравствено и пензиско осигурување, а добиваме услуга која што во светски рамки не е достојна за животно, а не човек.

Сведоците сме на секојдневно уништување и потиснување на националното чувство. Веќе срамота е да си ја сакаш сопствената земја, и да си горд со своето чувство на национална припадност. Мислам на она на Република Македонија, а не ова новото на Северна Македонија.

Живеевме во земја која имаше клуб со кој се гордеевме. Сите го сакавме РК Вардар, но и него веќе го нема.

Воведовме екстерно тестирање, а американците не прогласија на трет најглупав народ во светот – каков апсурд.

Македонија е земјоделска земја во која сите сакаат да станат земјоделци, затоа што субвенциите им се атрактивни и примамливи, ама сите студираат на педагошки бидејќи сакаат да бидат директори и да крадат пари. Дефинитивно, водиме по глава на жител кога се во прашање политиката и политичките партии.

Систем на функционирање сведен на нула.

И ова е само дел. Жал ми е што имам вака песимистички поглед на работите. Но, Македонија секојдневно станува земја од која сите сакаат да си заминат.

Преземено од Скопјеинфо.мк

loading...