Никола Попоски распали и по опозицијата: Сменете си го менталитетот!

АКЦИЈА
loading...

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Никола Попоски, во Собранието.

„Скриниг значи дијагноза и требаше да почне уште во 2005 година. Ако се родеше дете тогаш, ова дете ќе беше полуматурант, да му помогнеме да си ја смени матрицата. Имаме голема одговорност да не заглави матурантот уште повеќе. Нема причини за концерти и славење. Мораме да согледаме дека овие луѓе тука се малцинство, а во ЕУ мнозинството се неутрално негативни. Британците имаат верба во демократијата која ние ја немаме. Власта презентира слика на обединетост, а всушност прави што сака“, рече Попоски.

Тој додаде дека истиот ден кога еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе си замине, во Македонија ќе се одржи седница со кршење на деловникот и законите.

„Нам ни треба промена на матрицата. Главен аргумент на власта е дека и претходните правеле така. Тоа треба да заврши. Одговорност носат и власта и опозицијата. Опозицијата треба да понуди решение не само да седи. Шест месеци треба самите да си направиме скриниг за капацитетот на нашите институции. Заедно да седнат власта и опозицијата и да го сменат менталитетот“, порача претседателот на Националниот совет, кој беше министер за надворешни работи во претходниот министерски состав, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...