Фото – Добитникот на 35-милионскиот тендер во друштво на Јордан Мијалков

АКЦИЈА
loading...

Investigative Reporting Lab Macedonia вечерва објави фотографија од Александар Јовановски-Жути, управител на фирмата која го доби 35-милионскиот тендер од Министерството за здравство, во друштво на Јордан Мијалков, син на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-(ФОТО НА ДЕНОТ) Единствениот апликант на тендерот за реагенси од страна на Министерството за здравство во износ од 35 милиони евра Александар Јовановски – Жути (лево) во друштво на Илија Тозија (поранешен член на управниот на Државна видео лотарија и понекогаш управител на фирмите на Мијалков (централно) и Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков (десно), напишаа од Investigative Reporting Lab Macedonia.

Инаку, Александар Јовановски е управител на фирмата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која била единствен апликант за тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија и го доби тендерот од Министерството за здравство во висина од 35 милиони евра. Фирмата била регистрирана пред само четири месеци и нема никаков искуство во областа.

loading...