Добил кривична за кревање македонско знаме

АКЦИЈА
loading...

Еден од учесниците во кревањето на знамето на празниот јарбол во Битола што се случи пред неколку недели, Тони Митревски, добил покана за суд во својство на осомничен според член 144 од Казнениот законик на Република Македонија.

Со поканата осомничениот Митревски се соочува со шестмесечна затворска казна за наводно извршување на кривично дело Загрозување на сигурноста.

Осомничениот на својот фејсбук профил ја објавува поканата за оваа постапка на обвинителството.

Осомничениот бил дел од група од петмина луѓе меѓу кои имало и полицаец кој не бил на работа, кои забележале дека на јарболот го нема поставеното македонско знаме и решиле да стават ново.

Откако биле пријавени од минувачи полицијата ги легитимирала тие дале изјава во полициска станица по што биле пуштени дома со најава од МВР дека нема да има кривични пријави затоа што не направиле никаква штета ниту предизвикале незаконски дејствија.

Според поканата сепак се работи за кривично дело кое произлегува од поставување на државното знаме.

loading...