Однесени од виорот и логиката

АКЦИЈА

СЕВЕРНО ОД УМОТ со АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ

Однесени од виорот и логиката

По Северна Кореја и Русија, сега и САД се стресе во ладна вода. Како стигнавме до ова, нуклеарни сили една по една да запаѓаат во паника? Многу едноставно.

Октроираниот северноцрпнат премиер што се лапа со пенкала прво му се с`сна на Ким Јонг-ун, па му списка на Путин и еве сега му се з`гна на Трамп. Нема заебанции со Зоќи Заев. Он бре кога дели политички шамарчини и фризурата на дикататорот губи на цврстина, и Путин се крие под чадор, и Белата куќа поцрвенува од срам. Ма цела Европа трепери пред неговата света црпнатост. Нели видовте како оној Жан Клод Јункер се опијани од возбуда кога се сретна со оваа наша политичка величина? И не само Јункер. Цела Европска Унија игра како што Зоќи свири на жичката му северномакедонска на која жената му спростира веш и сите заедно, изгубени во времето, ни го бараат семето, одејќи по жица.

Што е сега, не ми верувате дека цела ЕУ му се тресе на нашиов? Па, а Зоќи со свитата му црпната одлучи да прави криминал, да крши Устав, да си цепа по свое, одма става европско знаменце и со тоа ЕУ му дава амин на злосторничкото здружување. И што има сега нашиов цар муртински да биде виновен, кога глупиве „брисељаци“ се тутурутки на „дип стејтот“ и мртви ладни одработуваат невидени антицивилизациски злосторства против човештвото?

Видете, ако не му успее на нашиов октроиран премиер да ја исполни задачата и да ја укине Македонија и Македонците, убеден сум дека Европската Унија ќе си го земе за доживотен лидер, па заедно со Јункер да ја оправаат економијата, судството и да се борат против корупцијата, оти таква заедничка интелигенција и стабилност каква што има кај тандемов, светот не видел досега. Сериозност на страна, ама отако Зоќи го залапа пенкалото на Столтенберг, светот наеднаш стана подобро место за живеење. Едноставно се случи ново светско чудо. Пенкалото најпрво затрепери како Скарлет О Хара во прегратките на својот сакан и сè понатаму е однесено од виорот и логиката. Залапувањето на пенкалото го активирало и акцелераторот во Церн. Некои научници тврдат дека енергијата која се рашири по овој страствен евроатлантски бакнеж на многумина луѓе влијаело исто како што влијаеше монолитот врз мајмуните во кјубриковата „Одисеја 2001“. И навистина, милиони луѓе ширум светот, потресени од залапувачката моќ, повторно се вратија на гранките и одлучија да не слегуваат повеќе оттаму.

Сепак, чудотворната сила на ритуалното залапување најмногу го почувствуваа оние кои до скоро се нарекуваа Македонци, а сега се НАТОрализирани северноцрпнати граѓани. Нивната возбуда предизвика силен потрес на територијата на протекторатот кај што живеат. Од овој потрес се отвори земјата и никнаа бини во петнаесет градови. На тие бини од небото се симнаа ѕвездите… музичките ѕвезди
кои сакаат да пеат, иако не знаат да читаат договори. Милионски народ се слеа на тие концерти. И тоа не обичен народ, туку неворајтно скромен народ. Толку беа скромни што не сакаа да изгледаат дека се милиони, па направија илузија дека се вкупно 4.783 луѓе во 15 градови. И би… небиднина.

loading...