Највисоката судска инстанца во Грција го потврди Преспанскиот договор

АКЦИЈА
loading...

Државен совет, кој е највисок административен суд во Грција, ја отфрли жалбата од група локални и странски асоцијации, кои побараа поништување на договорот меѓу Атина и Скопје од минатиот месец за името на државата Македонија.

Судиите ги отфрлија тврдењата од жалбата дека т.н. Преспански договор се коси со членот 27 од Уставот, според кој секој договор што ги засега границите на земјата треба да биде ратификуван со апсолутно мнозинство во Парламентот.

Државниот совет го оспори и тврдењето дека договорот за името ќе ги загрози грчките брендови, кои во името на своите производи го содржат зборот „Македонија“.

Локалните здруженија и 14 Панмакедонски асоцијации што стојат зад жалбата изразија сериозна загриженост и во однос на тоа како ќе биде предавана историјата во Македонија, но Врховниот суд не ги прифати нивните аргументи.

loading...