МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО СОЈУЗ СО НАТО!

АКЦИЈА

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО СОЈУЗ СО НАТО!

19 јули 2018 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО, донесена на денешното продолжение на 53. седница на Собранието.

Македонците во татковината и во светот и натаму отфрлаат ратификација на меѓународен договор, промена на Уставот и референдум заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во татковината и светот, во апсолутно мнозинство, отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во татковината и во светот, бараат Претседателот на Републиката да објави ништовност на Спогодфбата Димитров-Коѕиас и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар и земјите членки на Обединетите Нации, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ што се’ уште траат!

loading...