Која е разликата меѓу консултативен и обврзувачки референдум?

АКЦИЈА
loading...

Одлуката на Владата референдумот да биде консултативен а не обврзувачки значи дека премиерот и министрите се плашат од граѓаните вели професорката Билјана Ванковска и ја објаснува разликата меѓу двата вида референдум.

“Консултативниот референдум значи дека граѓаните само се прашуваат за мислење (се консултираат), но конечната одлука ја носи парламентот по свое наоѓање – што значи, може хипотетички да одлучи и обратно од она што го порачале граѓаните. Накусо, убаво би било да добијат одговор каков што сакаат, ама и ако не го добијат – ќе си решат по свое!

Обврзувачкиот референдум ја прави одлуката задолжителна, т.е. онака како што одлучиле граѓаните, така мора да постапи парламентот.

Тоа што „лидерите“ се решиле за консултативен референдум, не менува ништо во поглед на нашето однесување – бојкот е единствена демократска и чесна позиција. Но, покажува дека се кукавици и дека се плашат од народот – знаат дека нема да им помине.

Но, во двата случаи референдумот е успешен само ако излезат 50%+1 гласач.

Неуспешниот консултативен референдум ќе треба да значи крај на натамошната постапка за промена на уставот во собранието, но со овие ајдуци и тоа не е сигурно”, смета професорката Ванковска.

Таа прашува зошто ако кршат устав секој ден, би почитувале вакви одредби? За неа е очигледно е дека насилнички решиле да ја протуркаат работата и се чуди што прави ВМРО во парламентот се уште!?

“Ако Заев мисли дека може да си прикупи пратеници од опозоцијата, нека го направи тоа сега и нека одлучуваат непосредно во собранието – наместо да трошат пари за кампања, за референдум, итн.

Во ваква ситуација, ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да прогласи бојкот на својата работа во парламентот, па таман да им пропаднат сите закони за финансирање политички партии (тоа се парите од буџетот со кои се надеваат дека ќе се консолидираат и дејствуваат во иднина, и тоа на сметка на малите партии)”, вели професорката Билјана Ванковска.

loading...