Екипата која е против промена на името загуби важен соборец на социјалните мрежи

АКЦИЈА
loading...

По силниот притисок од провладините поборници за смена на името и успешен референдум, таборот што се залага за неменување на уставното име и кој се бори против успешен референдум загуби влијателна личност.

Силните притисоци и закани на социјалните мрежи најверојатно ја присилија професорката Јасна Котеска да се повлече од јавната дебата за името, референдумот и други актуелни прашања за кои се вкрстуваат копја на социјалните мрежи.

Котеска која е ќерка на поетот Јован Котески (кој бил затворен во комунизмот за своите идеи за независна Македонија) е симбол на битката за правда која се води надвор од партиските агенди и затоа голем дел од активистите особено на Твитер, нејзиното повлекување од дебатата го сметаат за трагично.

Професорката која беше во првите редови за време на битката на Шарената револуција против владата на Груевски сега не можеше да го издржи притисокот од актуелните власти и нивните приврзаници на социјалните мрежи и го блокираше својот профил на Твитер.

“Јасна е олицетворение на доблест, чест и правдина и затоа нејзиното повлекување го сметаме за трагично. Но целосно ја разбираме затоа што притисокот е неверојатен. И посакуваме да издржи под притисокот а ние ја продолжуваме битката. Не попуштивме пред Груевски и Мијалков нема да попуштиме ни сега”, вели еден нејзин следбеник на Твитер кој бил дел од Шарената револуција а сега е дел од движењето #бојкотирам кое е против референдумот и Преспанскиот договор.

Котеска за прв пат со сериозен притисок се соочи откако ја критикуваше прекумерната полициска сила на протестите против промена на името пред еден месец.

loading...