Зарем да беше некој друг народ поинаку би реагирал?

АКЦИЈА
loading...

Ниту на крајот од првата деценија на 21 век, соседните и регионалните пропаганди не ја оставаат Македонија мирно и самостојно да чекори по патот на демократските вредности и принципи на меѓународното право. Постојано и ткаат одредени сценарија, кои секогаш се сиви и црни, продолжуваат со тактитата на заплашување, одредуваат временски лимити до кога ќе траеме како државен субјект, прогнозираат проекти кои не се разликуваат по ништо од оние во 19 и 20 век…

Живеејќи во едно такво опкружување нормално е, природно е Македонците да почнат да се фрустрираат и да покажуваат знаци на аверзија кон сите пропагандисти.

Зарем некој друг народ поинаку би реагирал?

Ако некој ве обезвреднува, не ве признава, не ве почитува и се обидува на секаков можен начин на сила сака да ви го смени името, да ве асимилира и дискриминира до тотално духовно и физичко уништување, која ќе биде реакцијата на објектот кој е цел на нападот?

Веднаш ќе проработи одбранбениот механизам во секого и ќе се обиде да го амортизира ударот кој доаѓа од покажаниот непријателски гест.

Впрочем, тоа е инстинктивна и рефлексна реакција на секое суштество за заштита од узурпаторот на човековите права и слободи. Поинаку и не може да се постапи и да се одреагира. Повеќенасочните обиди на соседните земји, поддржани и од одредени центри на моќта на западот, за реализирање на сценариото Балкан без Македонија – Балкан без Македонци, никогаш не биле докрај елиминирани.

Грозоморно е тоа што таква политика и таква стратегија спроведуваат земји членки на НАТО и на ЕУ, а уште погрозоморно е тоа што овие две институции наместо прекор до администрациите на асимилаторите, покажуваат знаци на солидарност со нивната внатрешна и надворешна политика. Македонија мора остро да се спротивстави на ваквата нападна политика.

Реакцијата треба да биде не само кон домашните предавници, тулу и кон Брисел, кој не презема речиси ништо за да го запре процесот на духовен и национален погром врз македонската нација.

Досега многу се напишало и се кажало за фашизоидната надворешна политика на јужниот сосед кон македонското прашање. Но, и натаму произлегуваат нови моменти кои од ден на ден се повеќе и повеќе ја прелеваат чашата на едно приближно нормално општење меѓу два соседа. Европа не сака да им застане на патот на хегемонистичките проекти на Атина само затоа што таа е земја членка на НАТО и на Унијата.

Кога Македонија го преименува аеродромот Петровец во Александар Велики сите станаа на нозе.

Кога Грција во континуитет пласира тези за непостоење на Македонци и македонски јазик, не почитувајќи ги правата на македонското малцинство во Грција, никој од официјалните ходници на Брисел не стана да им одговори на грчките иредентисти дека тоа што го прават не е во согласност со европските правила и норми, со европските стандарди. Со тоа Европа покажа дека за некого е мајка, а за друг маќеа.

Ако ние напишеме дека Грција е вештачка држава, оформена во 1832 година со помош на Британија, која на Турција и плаќа 40 милиони лири, за што се прикажани и конкретни докази, тогаш ќе не обвинат дека сме иредентисти.

Сме сакале да ја рушиме грчката држава, ќе сме им го земале Солун и уште низа глупости. А, кога истите тие ќе изнесат серија непотврдени информации дека сме вештачка нација со вештачки јазик, тогаш тоа не било иредентизам.

Кадија те тужи, кадија те суди.

Македонска нација

loading...