За ОФФ.нет, руските пари и жена му на Трендо

АКЦИЈА
loading...

Превземено од ОФФ.нет

ЈА ТЕБЈА РУБЉУ

Како Офф.нет успева да опстане е прашањето што ќе ги мачи „додека го дишат овој воздух, додека ги држи паметот“. До вчера им беше вмро, сега мора да се руски пари. Плус жена, плус врзани реклами, комплицирано.

Ванчо Орданоски (на твитер @Mindplumber) е наш стар пациент. За да ни верувате за таа досадна опседнатост, своевремено објавивме и една преписка со него, уште од Он.нет.

Во времето на вмро им беше лесно да си ја објаснуваат својата блесава завист. Овие мора да земаат пари од вмро, како инаку!? Сè ќе помислат, само дека некој нешто работи нема да помислат, просто самите не се научени така.

Главно ни одеше од рака да ги игнорираме таквите, од оној гигантски хемороид Паралитико, до овој и (поретко) другиот Орданоски, Коља Мрак, Борјан, Мирко Попов, придружна твитер-боранија. Парадоксална е шемата со оние што се опседнати со тебе: кога ги игнорираш, тоа им е доказ дека се во право. А ако па им одговориш, ете ги со она: „Мора да те погодивме штом одговараш!“ Луз-луз е тоа со нив, не џабе е нивно царството небесно.

Сиве овие години некој од публиката ќе можеше да помисли дека со таквото џавкање по нас, таквите само изразуваат „загриженост како се трошат државните пари“. Ок, леџит. Мислите дека денес тие друштва се занимаваат со државно субвенционираното Окно, колку десетици илјади евра земал Борјан од филмската агенција на Медо, зошто Мирко зема пари од држава за да одбележува јубилеј на своја фирма, колку e генијално во втората деценија на 21 век, на темата „иновации и технолошки развој“, над 160.000 евра да добие – печатница?

Нормално дека не. И денес тие се занимаваат со Офф.нет и со Трендо, овој пат по руска линија, по пат малку и неговата жена, а кај и да е, и на деца ќе си дочекаме.

Како да му објасниш на поглупиот Орданоски дека жена ти никогаш не работела во Телеком и зошто воопшто да му објаснуваш каде работи некој од твоја фамилија? Како да си набавиш нов комплет нерви за некој што сега нови десетина години ќе си го арчи животот убедувајќи се дека Офф.нет сега живее од руски пари? Како да му објасниш на тоа чемерно суштество како ние опстојуваме, па – види богати – дури и откако Груевски паднал? Па скоро 20 години години сме на интернет бре, чуденко наш, ваљда по малку нè бивало. Како 20 години опстојува некој водоводџија што 20 години се занимава со водоводи? А ко што му пиша наш Јурук на нивен Коља, ние може и не сме до толку јаки, колку што вас не ве бива, сосе сите ваши грантови и субвенционирани „проекти“.

Кога на почетокот на годинава склопивме еден поздрав до нашите огласувачи и деловни партнери (оние од кои реално земаме пари за плата, а тоа не се пар сомнителни белизе-мелизе фирми, туку стотина јавни и познати брендови со регуларни маркетинг-буџети), мислевме со тоа колатерално да ги поздравиме и овие како Орданоски, кои си крекаат во твитер-тињата; дека не постои голема тајна, нема шорткат, нема мување, дудлање, дека не сите овде живеат по тие рецепти што нив ги влажнат.

Не бре, брате, не се уморија. „Руси, жената, Телеком, врзани реклами, ово – оно. Комплицирано!“ Замислете го сега овој Ванчо со пар твитер-телетабиси како седат над тој линк, црвени во очите, додека пробуваат да ги пофаќаат мрачните деловни и геополитички врски меѓу Алпско млеко, Цитроен, Усаид, Лукоил, Орбит и Триглав осигурување.

Компликејтид, индид.

А не е никаква тајна. Каков Груевски, какви бакрачи, ние планираме да ви бидеме ноќна мора додека го дишете овој воздух. Јер паметот никогаш и не ве држел.

Багро. Една. Неспособна.

loading...