Осудените од „Кумановската група “ префрлени во Идризово

АКЦИЈА

Осудените од „Кумановската група “ префрлени во Идризово, објави порталот на албански јазик од земјава „Па Цензуре“ наведувајќи дека истите биле префрлени под строги безбедносни мерки

Под строги безбедносни услови, вчера по 38 месеци притвор во истражниот затвор „Шутка“, петмина од осудените од „Кумановската група“ се префрлени во затворот Идризово. Според порталот „Па цензуре“ , тие требало да бидат префрлени уште веднаш по изрекувањето на казната, но наместо тоа се држеле во многу тешки услови во затворот во Шутка.

Вчера во „Идризово“ беа префрлени терористите Мухамед Красниќи алијас. командант Малишева, Насуф Беќири алијас. Качаки, Фатмир Речница, Руфки Догани и Бетим Кабаши.

Тие се сместени на издржување на казната во самица, каде сите во текот на денот ќе бидат заедно, а во текот на попладневните часови имаат два слободни часа за прошетка.

Според неофицијални информаии кои ги објави порталот на албански јазик, се очекува во затворот Идризово да се преместат и неколку од другите осуденици од „Кумановската група“.

Фотографијата која е објавена е прва по префрлувањето на терористите во Идризово.

Инфомакс

loading...