А на античките театри во Скупи и Охрид, какви плочки ќе стојат?

АКЦИЈА
loading...

Извор: Република.мк

– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Макеоднија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, изјави неодамна, по потпишувањето на договорот со Грција, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Добро, значи така „нашиот Аце„ и татко му Филип преживеаја. Кога станува збор за јазикот, македонскиот, тој ќе се разликува од античкиот со тоа што по неговото споменување ќе се става коса црта и забелешка дека припаѓа на групата јужнословенски јазици. Ама, што со другите делови од културата, што датираат од периодот на антиката? На пример, античките театри во Скупи крај Скопје и оној во Охрид. Зарем тие како такви не и припаѓаат на антиката, а со самото тоа, согласно договорот, и на хеленската култура? Ќе се одржува ли и натаму Фестивалот на античката драма Стоби?

А, Министерството за култура преку Управата за заштита на културното наследство, значи две државни институции, соопштија дека античкиот театар во Скупи во следните два и пол месеци ќе ја добие потребната реставрација и конзервација. Работите требаше да почнат деновиве и, според најавите, со нив се очекува да бидат исправени одредени неправилности во реконструкцијата на театарот, констатирани во претходните години. Според Управата, со направениот анекс на договорот со кој ќе се реставрира античкиот театар, ќе се заштедат и поголеми средства во буџетот, а археолозите дошле и до нови откритија. За потсетување, конзерваторско-реставраторските работи на гледалиштето на античкиот театар на Скупи почнаа во август 2016-тата, а прекинаа следната година, поради одредени законски пречки.

На 12 јули, пак, во Античкиот театар во Охрид почна 58-то издание на најголемата и најреномирана музичко-сценска манифестација, Охридско лето, на кое се обрати и министерот за култура Асиф Адеми. Значи, повторно претствник на државна институција. Е, сега се поставува прашањето дали ќе има селективен пристап кон културните објекти од периодот на антиката во денес Република Македонија, а веќе утре можеби Република Северна Македонија? Дали, воопшто, на овие простори ќе може да егзистира било што античко, што ќе нема никаква допирна точка со хеленскиот антички период? Или на се ќе треба да се стави плочка со вакво или онакво објаснување, односно ова припаѓа, а ова не припаѓа на хеленскиот антички период? И, конечно, зошто едни би припаѓале, а други не?

loading...