Ало, кир Алексис, ти канис?

АКЦИЈА
loading...

Откако грчкиот премиер Алексис Ципрас подготви спот со дел од телефонскиот разговор со Зоран Заев, ме мачи помислата дали на ист чекор ќе се реши и македонскиот премиер. Зашто, следува кампањата за референдумското изјаснување за договорот со Грција, а можеби и за предвремени парламентарни избори. И една слика не ми излегува од глава. Дури и во сон. Само ме враќа малку назад, во времето кога сите бевме преокупирани со тие телефонски разговори. Сликата бешекако премиерот Зоран Заев и диктира на својата секретарка за да закаже седница на својот владин кабинет.

-Драга колешке, пишувајте – Во понеделеник, 11 мај 2018 година, Владата на Република Илинденска Македонија ќе ја одржи својата редовна…

-Простете господине премиер, рековте Илинденска?

-Пишувајте, драга колешке – Во вторник, 12 мај 2018 година, Владата на Република Горна Македонија ќе ја одржи…

-Простете господине премиер, вторник со в или со ф?

-Пишувајте, драга колешке – Во среда, 13 мај 2018 година, Владата на Република Вардарска Македонија ќе ја одржи…

-Простете господине премиер, рековте Вардарска?

-Пишувајте, драга колешке – Во четврток, 14 мај, Владата на Република Северна Македонија ќе ја одржи својата…

-Простете господине премиер…

И во тој момент ѕвони телефонот во кабинетот на премиерот. Секретарката не успева да ја заврши мислата.

-Ало, ало, Алексис, ти канис, кала и се? Џаст а момент, плис… Колешке, простете, ќе продолжиме подоцна. Ало, Алексис…

И премиерот заминува во својот кабинет. Сериозни, веќе пресериозни се разговорите со својот грчки колега. Се решаваат многу работи. Судбоносни. За државата, нацијата, идентитетот, јазикот, Уставот, опсегот… Нашите, де, на Република Македонија. За грчките не станува ни збор. И тоа што ќе го договорат заедно ќе ни го соопштат. За да се радуваме сите. Како мали деца.

По 60-тина минути, премиерот излегува од неговиот кабинет. Се забележува, весел, поднасмеан…Чиниш. целиот свет е негов. Не чека ни момент, веднаш се фаќа за работа.

-Колешке, ве молам, да продолжиме. Пишувајте – Во петок, 15 мај, Владата на Република ТЗ Македонија ќе ја одржи својата…

-Простете господине премиер, но што значи ова ТЗ?

-Пишувајте колешке – Во петок, 15 мај, Владата на Република Тотално Заебана Македонија ќе…

-Простете господине премиер, ама зар не сметате дека е можеби малку вулгарно во името на државата да стои ваков збор?

-А, така мислите? Добро тогаш, пишувајте колешке – Во петок, 15 мај, Владата на Република ЦП Македонија…

-Простете господине премиер, но што значи сега ова ЦП?

-Ве молам колешке, не ме прекинувајте и пишувајте – Во петок, 15 мај, Владата на Република Целосно Понижена Македонија ќе ја одржи…

Едноставно, ме оптоварува помислата за кој дел ќе се одлучи премиерот за евентуалниот спот!? За да се постигне максимален ефект во кампањата, нели.

Република.мк

loading...