Ванковска за измените во изборниот законик: Ако ВМРО-ДПМНЕ е вистинска партија…

АКЦИЈА

Диктатурата е воспоставена, пишува Инфомакс. Со 62 гласa – за, без ниту еден против и без воздржани, Собранието на Република Македонија го донесе предлогот законот за измени и дополнувања во изборниот законик.

Со него се предвидува гласањето за претседател, потпретседател и членови на ДИК да се бираат со просто (61 пратеник), наместо како досега со дво-третинско (81 пратеник) мнозинство.

Со своја реакција, но и повик до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, излезе и професорката Ванковска.

„Ако е вистинска партија, ВМРО-ДПМНЕ сега мора да го бојкотира парламентот кој ја укина демократијата, опозицијата и владеењето на правото (Уставот). Секоја секунда што ќе ја минат таму е знак на нивно директно соучесништво во демонтирањето на уставниот поредок (она пто остана од него).

Овде веќе не станува збор за калкулурање и математички операции, туку за хамлетовски избор! Мицковски досега требаше да одржи итна прес-конференција и да каже дека партијата излегува од Собранието и ќе го повика народот на граѓанска непослушност и бојкот. Без уставност и законитост нема држава, односно таквата држава е тиранија!“

Што се однесува до конкретниот предлог, а потоа и изгласувањето на измените во изборниот законик, Ванковска беше кратка и јасна:

„Па нека сменат и устав со просто мнозинство! Хунта!“

loading...