Цуцуловски: НОРМАЛНА ПОСЛЕДИЦА

АКЦИЈА
loading...

Наместо опозицијата цело време да го поставуваше суштинското прашање врз основа на кој закон, правилник, или правен акт некој ја продолжи прекинатата собраниска седница од 27.04.2017, како и колку „продолжувањето на седницата“, како и она што следеше по неа, беше легално – и, според тоа, колку е легално сè што после неа следеше – опозицијата се занимаваше, и натаму се занимава, со поставување на прашања и забелешки од секаков вид, но кои воопшто не ја пропитуваат легалноста на власта, ниту начинот на кој таа се востоличи.

И сега, на општо неизнедување, опозицијата „недоветно“ се прашува што ѝ се случува на Република Македонија.

Па, на Република Македонија ѝ случува тоа што самата таа (опозицијата) дозволи да ѝ се случува – како, на пример, промена на Изборниот закон, особено оној дел во кој се определува начинот на кој се избира Државната изборна комисија.

Притоа, манифестираната арогантност на власта е само нормална последица на досегашната индолентност на опозицијата.

 

loading...