Димовски: Да го укинеме Собранието ако не, па нека гласаат само Џафери и Груби

АКЦИЈА
loading...

Нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, тоа може да го прави само „пратеникот“ Талат Џафери. Тој може да гласа во името на 120-те пратеници се што ќе му прати Владата, порача Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако мнозинството ги стави на дневен ред измените на Изборниот законик во делот на ДИК.

– И со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби, рече Димовски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата бараат поместување или симнување од дневен ред на предлогот за промена на Изборниот законик и обвинуваат дека мнозинството измените ги носи без консензус, на сила при што ги крши Деловникот, законите и Уставот.

loading...