Во живо на Макфакс: „Комитите“ протестираат за правда за Саздо… „НЕ СТЕ СВЕСНИ КОЛКУ СМЕ БЕСНИ!“

АКЦИЈА
loading...

Под големо присуство на полицијата, навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш во чест на прерано починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по деветдневната кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на КАРИЛ им подлегна на повредите.

Демонстрантите извикуваат „Правда за Саздо“ и носат транспаренти на кои пишува „Нема назад“, „Не сте свени колку сме бесни“, а автомобилите кои поминуваат од другата страна на улицата им свират во знак на поддршка.

Претходно, во Автокоманда, од каде што демонстрантите се упатија кон Основното јавно обвинителство, забележано беше присуството на лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, заедно со партиското раководство, како и претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров.

 

Пред зградата на Основното јавно 0бвинителство групата ќе прочита соопштение до јавноста за, како што велат, неправдата што се случува во целиот процес на истражување на случајот. Маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично навивачката група ќе запали свеќи во чест на Саздовски.

Навивачката група, вчера, во своето соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани што се чувствуваат како Македонци од кој било дел на државата да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.

– Да им докажеме на Европејците дека ние сме поинакви и сме поцивилизирани од другите. Ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело – велат од навивачката група.

Виктор Јованов, за Макфакс

loading...