Прашањето што Шекеринска одби да го одговори (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, видно вознемирена поради дебаклот по повод „прославата“ за наводната покана во НАТО, во интервју на радио „Канал 77“ немајќи излез од незгодното прашање на Сотир Костов, одлучи да се повика на старата добра арогантна тактика од типот „некои прашања не заслужуваат одговор“.

На прашањето на Сотир Костов за објавата на Ципрас дека Грција има голема дипломатска победа, дека Заев и владата во Македонија го лажат македонскиот народ и светската јавност дека го зачувале македонскиот јазик и македонската нација. Аналитичарот праша: Дали Заев и вие ја зборувате вистината или Ципрас ја зборува вистината?

Шекеринска прво проба да купи време со тоа што праша дали е готово со прашањето, а потоа се откажа од намерата да одговори (ако имаше таква), посочувајќи дека тоа ќе го направи кога ќе биде викната на интервју со Сотир Костов.

loading...