Пиши „Работам во Влада“ и паркирај каде ти душа сака

АКЦИЈА
loading...

Паркираат насекаде, а некои дури оставаат телефонски број и порака дека работат за Владата. Ваков хаос од автомобили се случува секој ден на места кои не се предвидени за паркирање. На ТВ21, скопјани се жалат дека возила им стојат пред гаражите, па за да излезат или влезат треба прво да телефонираат на 2-3 броја за да им ја ослободат улицата.

И пешаците имаат слични проблеми. Велат дека од автомобилите на државните службеници некаде не се поминува.

Целосно затрупан со автомобили, поставени во сите насоки и празнини, е и паркингот кај Министерството за транспорт и врски, но и тој пред Министерството за здравство. Ништо подобро не е ниту во дворот на Законодавниот дом. Овој простор, продаден од Министерството за транспорт и врски е предвиден за изградба на катна гаража.

Извор: СкопјеИнфо

loading...