Отворено писмо на над 300 грчки интелектуалци: Го поддржуваат Договорот за името

АКЦИЈА
loading...

Повеќе од 300 грчки интелектуалци, кои себе си се нарекуваат „левичари“ се потпишаа на документ со кој се поддржува неодамнешниот Договор за името меѓу Грција и Македонија.

Меѓу потписниците, како што пренесуваат грчки портали, има артисти, писатели, академици, универзитетски професори, политичари и други поединци кои се декларираат како „леви, демократски, прогресивни граѓани“ кои го поздравуваат договорот како „историски“ и „чесен договор кој обезбедува иднина…на мир, солидарност и заеднички развој“.

„Историскиот договор од Преспа од 17 јуни стави крај на проблем што траеше 25 години и повеќе во нашиот регион. Тоа е чесен договор кој обезбедува иднина на мир на двете држави и на нашето балканско соседство, како и солидарност и заеднички развој.

Сложеното име со географска одредница за севкупна употреба и ревизија на уставот е целосно во согласност со цврстите грчки позиции и ја докажува волјата на соседната земја за мирен соживот на двата народа.

Договорот ја растури ‘сивата зона‘ што ја создаде долгогодишното нерешено прашање на ‘поранешната држава‘ и го потврди, со меѓународен печат, политичките, историските и културните граници меѓу грчка Македонија и ‘Северна Македонија‘. Тоа е единствениот начин да се расчисти со иредентизмот на Балканот, еднаш засекогаш.

Со Договорот исто така се почитува достоинството и правото на сопствена идентификација на соседната земја. Потврдата на јазикот (како што беше признат од Грција со децении) и националноста на соседната земја ја потврдува волјата на Грција да гради долга иднина на пријателство и мир со ‘Северна Македонија‘. Грција, како демократска европска земја, ги почитува одлуките и фундаменталните принципи на ОН.

Во овие историски времиња кога Европа се соочува со пораст на крајната десница, национализмот, шовинизмот и расизмот, феномен кој доведе до крвопролевање во Европа и на Балканот; во овие историски времиња кога во нашата земја, со овој договор, се соочуваме со чудовиштето на фашизмот и сите оние кои го хранат, кругови кои го претставуваат темното минато, го делат грчкиот народ и политичките сили на национални предавници и национални спасители, поделба која удира по темелите на демократијата; во време кога на Балканот и нашето пошироко соседство се замислуваат опасни ревизионизми кои превидуваат темна иднина:

Ние, левите, демократски, прогресивни граѓани го поддржуваме Договорот бидејќи ние сме против национализам и ревизонизми, бидејќи ние сме за европско балканско соседствосо мир и солидарност, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и религиозните тензии. Ние се залагаме за достоинството на народите. Ние го поддржуваме договорот бидејќи сметаме дека тоа е наша патриотска, меѓународна и демократска должност“, пишува во писмото од грчките интелектуалци.

Извор: МКД.мк

loading...