Отец Ивица од протестот за правда за Саздо: Македонците имаат почит кон сите, бараме и другите да не почитуваат нас

АКЦИЈА
loading...

Македонците имаат почит кон сите, но бараме и другите да нѐ почитуваат нас, порача денеска од мостот пред зградата на Јавното обвинителство, отец Ивица Тодоров, кој присуствува на протестниот марш во чест на Никола Саздовски.

„Пред неколку дена ја испративме неговата душа, денес сме собрани со мисла во Македонија повеќе да нема убиства, без разлика од која страна доаѓаат. Тука сме да покажеме дека оние што го извршија овој чин треба да одговараат пред законите на државата. Да има мир, радост и младите да имаат вистински живот. Бог да го прости Никола Саздовски“, порача Тодоров.

Демонстрантите што застанаа на мостот пред Обвинителството кога полицијата не им дозволи да се доближат до зградата, оттука запалија свеќи во знак на почит кон Саздовски.

 

Макфакс

loading...