Народот да го прифател Договорот со Грција, зошто во следниот ќе немало ни „Macedonian“

АКЦИЈА
loading...

Во судирот помеѓу македонскиот и грчкиот национализам околу античкото минато, едната страна мораше да капитулира. За оние кои малку се разбираат од меѓународната политика секогаш било јасно која ќе биде таа – послабата, вели во интервју за Прес24, универзитетскиот професор Денко Малески. Екс министерот за надворешни, вели дека тоа мораало да го знаат творците на македонската антиквизација кои ги поставија темелите на нашиот идентитет на почва која Грците ја сметаат за дел од својата култура и историја.

-Така, без оглед на нивните намери, тие ја доведоа својата држава и својата нација во голема невоља. Решение, значи, беше можно само ако македонската страна се откаже од античките Македонци и се определи за словенскиот јазик како белег на нашиот идентитет. Значи, било каква варијанта ќе предизвикаше внатрешна поделеност, зашто единственото можно решение беше откажување од антиката, вели професорот по меѓународна дипломатија, образложувајќи ја причината за поделеноста во општеството.

Професорот Малески вели дека ако овој Договор не помине на референдум, следниот ќе биде многу полош за Македонија.

„Ако не помине овој договор, наредниот ќе биде уште потежок за нас. Нема да има Macedonians и Macedonian language, преведено на сите јазици, туку Makedontsi и Makedonski, со латинична транскрипција. Можете да ме држите за зборот“, вели Малески за Прес24.

„Договорот е производ на една уникатна ситуација на поклопување на интересите на западните сојузи визави руското влијание , со нашиот интерес да станеме нивни членки, но и на политичката криза во Македонија и економската криза во Грција која ги прави двете влади податливи на надворешен притисок. Растеретеноста на Заев и Ципрас од националистичките митови и храброста да се спротивстават на сопствените национализми, исто така е важен дел од успешната формула.“

Целото интервју со Денко Малески прочитајте го на Прес24.

loading...