На Златко Ориѓански и Бени Шаќири им се закануваат по живот

АКЦИЈА
loading...

Музичарот Златко Ориѓански открива дека тој и неговиот колега Бени Шаќири добиле закани за убиство и дека луѓе со тепачи им доаѓале на врата.

Ориѓански беше еден од артистите што завчера настапија на прославата по повод поканата за членство во НАТО.

“Откажување на настап би значело дека ние двајца со Бени Шаќири се плашиме од нивните закани за убиства, од нивното доаѓање со тепачи на врата, од разно разни д*каџии кои се силат и пишуваат погани зборови.

Хаха Не бе браќа, многу грешна црква сте одбрале за крстење, двајцата мртви да сме, па не ви се плашиме, ако треба, ако мора, ке загинеме еден за друг, ама вас не ви се плашиме. Ние двајца работиме чесно, дома носиме крваво заработен леб за нашите семејства.

Апашите ке си ги барате меѓу вас, меѓу вмровските чипирани идиоти и слуги, меѓу скопската јака елита”, напиша Ориѓански на Фејсбук.

Тој не открива дали заканите се пријавени до МВР и кои се луѓето што се заканувале по неговиот и животот на Бени Шаќири.

Експрес.мк

loading...