(ФОТО) Шефот на владиниот маркетинг го спореди Заев со Ѓоковиќ

АКЦИЈА
loading...

Да налетате на горнава слика во која се споредуваат Заев и Ѓоковиќ, без да го знаете човекот што ја постирал, ќе мислите дека некој се мајтапи на сметка на премиерот.

Но човекот што ја споделува сликава е екс новинарот а сега раководител на тимот за комуникации, отчетност и транспарентност во кабинетот на премиерот Заев – Зоран Бојаровски, и е сосема сериозен кога ги споредува својот  шеф и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Советникот на премиерот ги нарекува Заев и Ѓоковиќ победници и како аргумент за неговата теза постави паралелни фотографии на кои се гледа како Заев го бакнува пенкалото на Столтенберг во Брисел и како српскиот тенисер го бакнува пехарот што вчера го освои на неформалното светско тениско првенство Вимблдон.

Експрес.мк

loading...